Во Германија почна судењето на поранешен чувар во логорот Штутхоф

од desk2
168 прегледи

Во Германија денеска почнува судењето на поранешен чувар во нацистичкиот концентрационен логор Штутхоф, кој е обвинет за соучесништво во стотина убиства.


Јохан Ребоген (94) е обвинет дека бил чувар во логор во полскиот град Гдањск од јуни 1942 до почетокот на септември 1944 година.

Иако нема конкретни докази кои го поврзуваат Ребоген со одредени злосторства во логорот, Обвинителството тврди дека тој како чувар бил соучесник во убиствата.

Ребоген, поранешен припадник на нацистичката СС единица призна дека бил во Штутхоф, но тврди дека не знаел за убиствата.