Службениците на германските безбедносни агенции во текот на претресот на куќи и работни места на двајца осомничени за тероризам во градот Росток во покраината Мекленбург-Ворпомерн пронашле листа со повеќе од 5.000 имиња на потенцијални мети на напад, вклучувајќи стотина имиња на политичари, пишуваат денеска локалните медиуми.

Германскиот дневник Die Welt повикувајќи се на безбедносни извори, пишува дека верува дека еден од осомничените, кој е поранешен полицаец и суспендиран е на должност, го користел својот службен компјутер за потрага на адресите на политичките неистомисленици.
Властите соопштија дека полицијата на 28 август ја претресла куќата на полицаецот и уште едно лице осомничено за планирање киднапирање и убиство на политичар поради своите ставови кон имиграцијата.
Новинскиот извештај ги претставува првите позначајни детали објавени за овој случај.
Од канцеларијата на сојузното обвинителство се наведува дека осомничените, кои стравувале дека политиката кон мигрантите ќе ја осиромашат Германија, собирале храна и муниција, и дека почнале со планирање на нападот.
Според пишувањето на весникот, нема никакви индикации за можно следење на наведените на листата или конкретни планиву за убиства.