Во Германија уапсени Ирачани кои планирале напад

од desk2
103 прегледи

Германската полиција денеска уапси тројца државјани на Ирак кои се осомничени дека планирале да извршат бомбашки напад.

Канцеларијата на федералното обвинителство соопшти дека тие се уапсени поради сомнение дека планирале „исламски – мотивиран“ напад.

Според првичните резултати од истрагата, осомничените се уште немале избрано цел на нападот.