Германската полиција запленила 5.000 екстази таблети со ликот на американскиот претседател Доналд Трамп, чија вредност се проценува на неколку десетини илјади евра.

Таблетите се пронајдени во автомобил во Долна Саксонија, држава на северозападот на Германија, се наведува во полициското соопштение.
„За време на претресот на возилото полицијата најде 5.000 таблети екстази со ликот на Доналд Трамп. Нивната вкупна вредност е близу 11.000 евра, а продажната 39.000 евра“, наведуваат од полицијата.

Во овој случај, полицијата приведе 51-годишен маж и неговиот син на возраст од 17 години.