Во гламурозниот дом на Џејн Фонда во Беверли Хилс

од Vladimir Zorba
81 прегледи

Џејн Фонда решила да се раздели не само со последниот маж во својот живот – музичкиот продуцент Ричард Пери, но и со домот, кој двајцата го делеа во Беверли Хилс.

Актерката го сака износот од 13 милиони долари за својот имот, пишува Forbes.

Двократната носителка на награда “Оскар” живееше во оваа гламурозна куќа во Калифорнија од 2012-та до неодамна.

Имотот се наоѓа во престижната област каде што живее актерката Кортни Кокс и каде некогаш живеел Елвис Присли.

Фонда може да се пофали со навистина ремек дело на современиот дизајн, а од куќата се открива панорамски поглед на кањонот и океанот.

Куќата располага со површина од 710 квадратни метри има стаклен лифт, трпезарија и дневна соба, соба за штедење, уште шест спални, бар, канцеларија, тераса, базен, градина со фонтана, како и пространа фитнес сала.

Видете ги сликите на домот на Џејн Фонда во галеријата.