Во Гостиварско тестирани 50 лица на коронавирус – брачен пар сместен на инфективното одделение

од Берта Китинска
291 прегледи

Брачен пар од Струмичко што е сместен во карантин во Маврово, од синоќа се наоѓа на инфективното одделение во гостиварската болница. Двајцата се тестирани и се очекува во текот на денот да биде потврден нивниот статус. Во Гостиварско досега се тестирани педесетина лица и има само еден позитивен на Ковид19.

– Синoќа добивме дојава од карантинот на хотелот „Макпетрол“, едно лице се пожалило на кашлица и повишена температра. Набрзо потоа, наша екипа, заедно со неговата сопруга се примени и сместени на инфективното одделение. Направен е коронатест и ги очекуваме резултатите, изјави за МИА Јакуп Јакупи директор на Општа болница „Др Ферид Мурад“.

Брачната двојка која е од Струмичко, во неделата допатувале од Словенија и биле сместени во државен карантин во Маврово.

Јакупи информираше дека изминативе седум денови на инфективното одделение биле примени девет лица, од кои пет се негативни на ковид19, а за останатите се чекаат резултатите. Жената која измнативе денови се лечеше на инфективното оддление, денеска треба да биде отпуштена.

Гостиварската болница, според Јакупи се справува со новонастаната ситуација, но во наредниот период може да се соочи со недостиг на заштитни маски и упати апел до сите кои се во можност да донираат и на тој начин да помогнат.

Слични содржини