11
Пожарникарите се борат со пожари речиси низ цела Грција, но ситуацијата е најсериозна на островите Закинтос и Иос и околу Патра на полуостровот Пелопонез.
Три лица се здобиле со тешки изгореници во пожарот што избувнал во областа Патра. Пожарникарите вложуваат натчовечки напори да го локализираат пожарот што се шири со огромна брзина.
Патра, која што е познато летувалиште, е обвиткана во чад. Зафатени се и повеќе локации на грчкото копно.
„Во Ахаја евидентирани се 16 евакуации, три лица со изгореници се однесени во болница, а има и извештаи за штети на куќи. Кратко по 16 часот, пожар избувнал и во близина на градот Патра, во областа Главкос“, соопштија властите.