Во Грција денеска стапува на сила новата такса за туристите на крузерите, во обид да се намали претераната посетеност на најпопуларните острови и да се подобрат локалните економии. Секој турист од туристички крстосувач што ќе се симне на некое пристаниште, мора да плати специјална такса, која варира од 20
евра по човек за најпопуларните острови Санторини и Миконос, до 5 евра за другите дестинации.
Новите давачки за туристите беа најавени минатиот месец.
За периодот од 1 јуни до 30 септември, таксата е највисока на островите Миконос и Санторини, односно 20 евра по патник, а на останатите пристаништа во земјата пет евра.
Таксата е пониска за октомври и од почетокот на април до крајот на мај и изнесува 12, односно три евра, додека пак од ноември до крајот на мај предвидени се четири евра за Миконос и Санторини и по едно евро за останатите грчки пристаништа.
Процените се дека оваа такса годишно на Грција ќе ѝ донесе околу 50 милиони евра.