Во Грција тече акцијата за расчистување на случајот на „бананите на Олимп“

Грчката Служба за борба против перењето пари денеска почна проширена истрага за скандалот што го истражуваше Канцеларијата на европскиот јавен обвинител.

од desk2
19 прегледи

Во Грција почна расчистувањето на скандалот со „крадење“ европски субвенции за земјоделците. Грчката Служба за борба против перењето пари денеска почна проширена истрага за скандалот што го истражуваше Канцеларијата на европскиот јавен обвинител (EPPO). Се истражуваат финансиите на високи државни службеници.

Според досега утврденото, подолго време се одвивала систематска злоупотреба на субвенциите, во што учествувале и поранешни министри за земјоделство од редовите на владејачката Нова Демократија. Во истрагата се откриени исплати од грчката државна агенција Опекепе за илјадници непостоечки овци и кози, како и за плантажи за банани на планината Олимп, каде никогаш не е одгледувано ова тропско овошје, но и за други пример земање субвенции за непостоечки капацитети или за обеми десеткратно поголеми од реалните.

Европското обвинителство документацијата ја предаде на грчкиот парламент и почна кривични истраги против 100 луѓе. Со вклучувањето на Службата за борба против перењето пари има полномоштие бргу да одзема финансиски средства од сите оние за кои има докази дека се окористеле преку посредништво, појаснија од грчката влада.

Во парламентот заседава вонредна комисија која на основа на документацијата добиена од европските обвинители ќе реши дали да се одземе пратеничкиот имунитет на дваја поранешни министри за земјоделство.

Во врска со најновиот развој, грчкиот премиер Киријакос Мицотакис вети дека сите незаконско исплатени субвенции ќе бидат вратени.

„Неуспеавме во борбата против корупцијата“, додаде тој.

Фиктивни кози и „бананите на Олимп“ го загрозуваат грчкиот премиер Мицотакис

Слични содржини