Грчката противпожарна бригада соопшти дека во последните 24 часа гасела 36 пожари низ целата земја.

Речиси сите пожари биле изгаснати во почетна фаза, додека пожарите на островите Закинтос, Крит, Китира и во близина на Волос се под делумна контрола.

Поради топлотниот бран кој се најавува за оваа седмица, грчките власти ги предупредија граѓаните да избегнуваат активности кои можат да предизвикаат пожар.

Слични содржини