Во Хрватска 151 нов случај, три лица починаа од корона

од Vladimir Zorba
145 прегледи

Во последните 24 часа се евидентирани 151 нов случај на заразени со вирусот САРС-КоВ-2, а бројот на активни случаи во Хрватска денес е 2.107.

Меѓу нив, 299 пациенти се во болница, од кои 22 се на апарати за дишење. Три лица починаа, објави во вторникот Националниот штаб за цивилна заштита.

Од 25 февруари 2020 година, кога е регистриран првиот случај на инфекција во Хрватска, досега се евидентирани вкупно 13.749 лица заразени со новиот коронавирус, од кои 230 починале, а 11.412 се опоравиле.

Во моментов има 8.598 лица во самоизолација.

До денес се тестирани вкупно 230.585 лица, од кои 5.571 во последните 24 часа.

Слични содржини