Во Хрватска 280 нови случаи, шест лица починаа

од Stefanija Kuzmanovska

Во последните 24 часа во Хрватска се евидентирани 280 нови случаи на инфекција со коронавирус, а бројот на активни случаи изнесува 2.103. Меѓу нив, 293 пациенти се во болница, од кои 20 се на респиратор. Шест лица починаа, објавија од Штабот за цивилна заштита.

Од 25 февруари, кога е регистриран првиот случај на инфекција во Хрватска, до денес се евидентирани вкупно 14.029 лица заразени со новиот коронавирус, од кои 236 починале, а 11.190 се опоравиле.

Во моментов има 8.505 лица во самоизолација. До денес се тестирани вкупно 236.938 лица, од кои 6.353 во последните 24 часа.

Слични содржини