Во Хрватска 291 нов случај на коронавирус, починаа две лица

од Vladimir Zorba
100 прегледи

Во последните 24 часа, во Хрватска се евидентирани 291 нов случај на заразени со коронавирус, а две лица починале, објави Националниот штаб за цивилна заштита.

Во моментов има 2.567 активни случаи на заразени, меѓу нив 320 пациенти на болничко лекување, од кои 27 пациенти на респиратори.

Во моментот има 8.711 заразени контакти во самоизолација.

Досега се тестирани 205.256 лица, од кои 4.118 во последните 24 часа.

Од почетокот на епидемијата, коронавирусот е потврден кај 12.917 лица, од кои 208 починале, а 10.142 се опоравиле.

Слични содржини