156
Во изминатите 24 часа регистрирани се 65 нови случаи на заразени со вирусот САРС-КоВ-2, а починаа три лица, соопшти Кризниот штаб на земјата.
Денес во Хрватска има вкупно 855 пациенти (активни случаи), пишува порталот Индекс. Меѓу нив, 142 пациенти се во болница, а девет од нив се на респиратор.
Од 25 февруари, кога е регистриран првиот случај на инфекција во Хрватска, регистрирани се вкупно 4.857 лица заразени со новиот коронавирус, од кои 136 починале, а 3.866 се опоравиле.
Во моментов има 3.271 лица во самоизолација.
До денес, тестирани се вкупно 112.003 лица, од кои 1.489 во последните 24 часа.