
Во последните 24 часа во Хрватска се потврдени 67 нови случаи на коронавирус, врз основа на 829 тестирани примероци, соопшти Националниот штаб за цивилна заштита.
Како што се наведува, бројот на активни случаи во Хрватска во моментов е 435. Од тој број, 60 пациенти се во болница.
Од почетокот на епидемијата, во Хрватска се заразени 2.691 лица, од кои 107 починале, а 2.152 пациенти се опоравиле.
Во моментов има само 2.29 лица во самоизолација.