Во изминатите 24 часа во Хрватска се регистрирани 306 нови случаи на заразени со коронавирус, така што бројот на активни случаи во земјата е вкупно 2.052.
Меѓу нив се 143 пациенти на болничко лекување, од кои 12 пациенти се на респиратор. Едно лице починало.
Откако е регистриран првиот случај на инфекција во Хрватска, досега се евидентирани вкупно 7.900 луѓе заразени со новиот коронаврус, од кои 170 починале, а 5.788 се опоравиле. Во моментов има 6.868 лица во самоизолација.
До денес, тестирани се вкупно 148.742 лица, од кои 2.574 во последните 24 часа.
Ова е четврти ден кога Хрватска забележа рекордни дневни зголемувања на бројот на заразени. Вчера беа пријавени 265 нови случаи, додека претходниот ден тој број беше 255.
Најтешка е ситуацијата во округот Сплит-Далмација, каде од вкупно 755 обработени тестови, 83 од нив денес беа позитивни. Во Загреб се регистрирани 58 нови случаи.