Во Индија пронајдени фосили на најстари животни форми на Земјата

од desk2
121 прегледи

Индиските научници пронајдоа прокариотски микрофосили чија старост се проценува на две милијарди години. Се работи за фосили на најстариот познат облик на живот на Земјата.

Медиумите пренесуваат дека на оваа група и припаѓаат бактериите и модрозелените алги додека сите други организми претставуваат еукароти.

Овие ситни организми на Земјата се појавиле пред околу 3.5 милијарди години, а сè уште не е познато како од нив почнале да настануваат повеќекелиски, односно сложени организми.

Фосилите на Индискиот потконтинент ги откри поранешниот професор на Универзитетот во Патна.

Откритието е претставено на неодамнешна годишна конференција на Индискиот геолошки конгрес во Нагпур.