104
Полицијата во Индонезија уапсила повеќе од 100 мажи во рација во геј сауна во главниот град. Властите тврдат дека извршиле рација на секс забавa, наречена “Диви“, која се одржувала во сауна и во теретана во северниот дел на градот. 

Портпаролот на полицијата Agus Yuwono го потврдил апсењето на 141 лице, вклучувајќи го и сопственикот и забавувачите.
Тие ќе бидат задржани и сослушани и би можеле да бидат обвинети според законот за порнографија. Хомосексуалнста не е забранета во Индонезија, но организациите за заштита на LGBT заедниците тврдат дека се мета на напади и дискриминација, откако на власт дошла конзервативната влада.
Минатиот месец е извршена рација и на геј забава во еден хотел, по дојава на соседите. Тогаш се уапсени 14 мажи кои се испратени на ХИВ тестирање.