Во „Ист гејт“ нема да има кино, просторот се преименува во забавен парк по примерот на „Приштина мол“

од Nikola Popovski
55 прегледи

Трговскиот центар „Ист гејт мол“ ќе добие нов забавен парк на третиот кат од објектот. Паркот наменет, пред се за најмладите, ќе има и патека за возење на едносед картинг, налик на трговскиот центар во Косово „Приштина мол“.

Според информациите, забавниот парк се гради на местото на сега веќе поранешните кино-сали. „Локално“ испрати прашања за официјална потврда од „Ист мејл“, но, до моментот на објавување на текстот, не добивме конкретен одговор.

Во Косово, компанијата „HyperActive“, дел од „Приштина мол“ е најголемата зона за играње во Југоисточна Европа. Како што информираат оттаму, се протегра на простор од 6.700 квадратни метри посветен на возбуда и забава со секакви игри и активности за деца и возрасни. Патеката за картинг се протега на речиси 3000 квадратни метри.

„Ист гејт мол“, на просторот на поранешниот скопски Саем, се отвори во октомври 2021 година. Трговскиот центар располага со вкупна површина од околу 160 илјади квадратни метри, од кои околу 57 илјади квадратни метри е простор за закупување.