Две непознати лица отвориле оган врз објектот на американскито Конзулат во Истанбул, објави Милиет.

Нема жртви во нападот по кој имало престрелка меѓу напаѓачите и полицијата. Двајцата напаѓачи успеале да побегнат.
Во зградата на Конзулатот се испратени тимови за деактивирање бомби. Дел од локалните медиуми јавија дека еден од напаѓачите се скрил во куќа е опколена од полицијата.
Претходно, седум луѓе – петмина полицајци и двајца цивили беа ранети во бомбашки напад врз полициска станица во Истанбул, јави Анадолија.

Цел на нападот со автомобил бомба била полициска станица во истанбулскиот реон Султанбејли. Од ескплозијата е предизвикан пожар и урнат е дел од триспратната зграда на полицијата. Оштетени се околни згради и дваесетина паркирани возила.
Засега никој не ја презеде одговорноста за нападот извршен во момент на тензии меѓу турските сили за безбедност и бунтовниците од ПКК.