Вчера во Италија имаше речиси 100.000 нови инфекции, двојно повеќе од истиот ден минатата недела, стапката на позитивни тестови е 26,36 отсто на 100 тестови, што значи дека повеќе од секој четврти, милион жители на Апенинскиот полуостров се во домашна изолација и наскоро ќе биде два милиона или повеќе.
Ситуацијата е алармантна, врвот на експанзијата се најавува во средината на јули, а добар дел од Италија може да ризикува повторно затворање, бидејќи Омикрон 5 е позаразен од сите претходни подвидови и многу лесно се пренесува.
Температурите во Италија надминаа 40 степени во многу области, денес 21 град се означени со црвена зона, „цвета“ туристичката сезона, а исто така и гужвите на плажите, рестораните и улиците.
Во јавниот превоз, како и во сите други видови превоз во Италија, задолжително е носење маска, контролорите и возачите го предупредуваат патникот доколку не се придржува до таквите мерки.
Во римската болница „Бамбино Џезу“ има деца сместени на интензивна нега, заболени од ковид, што е доволна потврда колку возрасни и деца со слаб имунитет се загрозени со Омикрон 5.