Во Италија воведени аларми за автомобили за родителите да не ги забораваат децата

од Aleksandar Petrovski
236 прегледи

Во Италија од денеска стапи во сила одлука според која родителите на мали деца мора да постават аларми на детските седишта во автомобилите, со цел расеаните возрасни да не ги забораваат децата во возилото.

Одлуката на Министерството за транспорт е донесена за да се спречи смрт на деца, како што се случи пред два месеци во Сицилија, кога татко заборави да го остави детето во градинка и пет часа го остави во жежок автомобил.

Алармните уреди мора да емитуваат аудио и визуелни сигнали што можат да се слушнат и видат внатре и надвор од возилото.

Алармот се огласува кога детето е оставено во автомобилот.

Одлуката се однесува на седишта за автомобили за деца помали од четири години.

Оние што нема да го почитуваат ова правило ќе бидат казнети со парична казна од 326 евра и ќе им бидат одземени бодови на возачката дозвола.

Слични содржини