Во изминатото деноноќие регистрирани се 824 новозаразени и 31 починати

од Andreja Salpe

Во изминатото деноноќие регистрирани се 824 позитивни на коронавирус, од направени 3988 тестови, а битката со Ковид-19 ја изгуби 31 лице.

Скопје – 313, Куманово – 75, Битола – 59, Прилеп – 46, Тетово, Велес и Кавадарци – по 30, Штип и Струмица – по 29, Гостивар – 24, Охрид – 20, Кичево – 16, Свети Николе – 15, Гевгелија – 14, Делчево – 13, Богданци – 9, Неготино – 8, Струга, Кочани, Крива Паланка и Виница – по 7, Ресен и Валандово – по 6, Радовиш – 5, Берово, Пехчево и Македонска Каменица – по 4, Крушево и Кратово – по 2, Демир Хисар, Македонски Брод и Дојран – по 1 .

Пријавени се вкупно 31 починато лице: 12 од Скопје (50г, 52г, 61г, 62г, 63г, 64г, 64г, 68г, 74г, 75г, 77г и 79г), по 3 од Куманово (70г, 75г и 75г) и Охрид (65г, 72г и 87г), 2 од Прилеп (67г и 80г ) и по 1 починат од Битола (38г), Виница (62г), Гостивар (83г), Дебар (75г), Кавадарци (63г), Кратово (75г), Пробиштип (85г), Радовиш (79г), Ресен (67г), Свети Николе (69г) и Тетово (71г).

Од пријавените пациенти, еден е починат во домашни услови, а другите 30 се починати во болнички услови. Пријавени се 7 пациенти кои се починати во тек на месец март.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 146.733, бројката на оздравени пациенти е 122.121, на починати е 4.419, а бројот на активни случаи изнесува 20.193.

Слични содржини