185
Здравствените власти во палестинскиот град Рафа соопштија дека од вчера во израелските бомбардирања загинале повеќе од 100 цивили, меѓу кои жени и деца, а неколку стотици луѓе се ранети, пренесе палестинската новинска агенција Вафа.
Палестинската Црвена полумесечина соопшти дека Израел извршил тешки воздушни напади, главно врз центарот на градот и дека биле погодени станбени области во близина на седиштето на палестинската организација.
Директорот на кувајтската болница во Рафа, Сухаиб ал Хамс, изјави дека болницата е полна со тешко ранети луѓе и нема доволно лекови и медицинска опрема.
Локалните извори наведуваат дека израелски авиони извршиле околу 40 напади, а цел биле бројни куќи и џамии, каде се наоѓаат раселените лица.