Маж кој пристигнал во Јапонија од Филипините во февруари бил заразен со нов вид на коронавирус, соопшти денеска Министерството за здравство на Јапонија, наведувајќи дека ова е прв ваков случај, пренесе агенцијата Кјодо.
Досега непознатиот вид на коронавирус се разликува од видовите кои се наоѓаат во Велика Британија, Јужна Африка и Бразил.
Се верува дека ја претставува истата закана како и трите многу заразни видови, се додава во текстот на јапонската новинска агенција.
Според Министерството за здравство, човекот има над 60 години и дошол преку аеродромот Нарита во близина на Токио на 25 февруари, а станува збор за асимптоматски случај.
Тој бил позитивен на тестот кога бил под карантин на аеродромот.
Националниот институт за инфективни болести повика на посилни гранични контроли како дел од напорите да се запре ширењето на коронавирусот.