
Родната куќа на исламскиот проповедник Фетхуллах Гулен ќе биде претворена во јавен тоалет.
Во моментов тој живее во егзил во Пенсилванија, САД.
Властите во Анкара, вклучувајќи и претседателот Реџеп Ердоган, го обвинуваат за учество во обидот за воен удар во ноќта на 15 наспроти 16 јули.
Фетхуллах Гулен е роден во 1941 година во еднокатна куќа во месноста Корухкук, која се наоѓа во централната провинција Ерзерум. Според медиумите трансформирањето на куќата во тоалет било по барање на локалното население..