Во јуни од Скопје сезонски ќе се лета за Крф со „Aegean Airlines“

од Nikola Popovski
271 прегледи

Грчката авиокомпанија „Aegean Airlines“ ќе започне со редовни летови меѓу Скопје и грчкиот остров Крф од 1-ви јуни, известува „Ex-Yu Aviation“.

Од скопскиот аеродром ќе се лета секој вторник и сабота, додека возвраните летови се планирани за среда и недела. Летовите ќе се одвиваат до 28 септември 2024 година.

Времето на поаѓање, во сабота и вторник, од скопскиот аеродром ќе биде во 21:35 часот (локално време), а времето на пристигнување на аеродромот во Крф во 23:50 часот (локално време), додека времето на поаѓање, во недела и среда, од аеродромот во Крф ќе биде во 00:20 часот (локално време), а време на пристигнување на скопскиот аеродром во 00:30 часот (локално време).

Авиобилетите се достапни на официјалната веб-страница на AEGEAN, https://en.aegeanair.com/ како и преку туристичките агенции. Во моментов, повратен билет е со почетна цена од 220 евра.

Ова е трета дестинација која oваа авиокомпанија ја воведува од Скопје, откако претходно воведе летови меѓу Скопје и Атина и Скопје и Сараево.

Слични содржини