
Податоците се дел од извештајот од 2014 година за национална проценка на образованието во САД. Во него се вклучени резултатите од тестови извршени од 29 илјади ученици во 8 одделение во американската држава. Учениците кои учествувале во оценувањето, дале различни одговори предмети како американска историја, географија и граѓанско учење.
Едно од прашањата во тестот е: “Имаат ли нешто заедничко сегашните влади на Канада, Франција и Австралија ? “. Постојат четири одговора ;
Контролирани се со војската
Имаат устави, кои ја ограничуваат власта;
Имаат лидери со апсолутна власт;
Попречено учество на граѓаните во јавните работи.
23% од учениците одговориле дека во овие држави лидерите имаат апсолутна власт , 10% пак се одлучија дека контролата се држи со војската , а 12% истакнале дека се попречува граѓанско учество.
54% од учениците одговориле правилно на прашањето.
“Мислам дека има голем проблем и тој е дека Американците знаат многу малку за Канада “, изјави Кенет Холанд, извршен директор на Центарот за меѓународен развој во државниот универзитет во Индијана.
“Канада е многу важен сојузник на САД. Можете да го видите светот. Украина, Ирак, Сирија: Канада е рамо до рамо со САД”, истакна тој, додавајќи дека резултатите можеби се показател за голем неуспех во образовниот систем на САД .