Во Кичево гласаа 32 заразени со КОВИД-19 и лица во самоизолација

од Берта Китинска
263 прегледи

Во Општинската изборна комисија Кичево за гласање на парламентарните избори се пријавиле 35 болни од Ковид-19 и лица во самоизолација, во општина Македонски Брод три лица, додека во општина Пласница немаше пријавени лица болни од Ковид- 19 и лица во самоизолација за гласање.

Од пријавените 35, во Кичево гласале 32 лица, бидеќи двајца одбиле да гласаат, а едно лице во меѓувреме заминало во болница, информираше Антигона Сефери од ОИК во Кичево.

Во нивните домови гласаа лицата кои се во домашен карантин поради позитивен тест на вирусот и лицата на кои им е одредена мерка самоизолација со решение од Државен санитарен и здравствен инспекторат.

Во Македоински Брод гласаа три лица. – Гласањето течеше без проблеми и забелешки, информираше Лена Милошеска, преседател на ОИК Македонски Брод.

За гласање од оваа категорија немаше пријавено лица во општина Пласница, па таму денеска немаше гласање.

Слични содржини