Во кој случај Русија би извршила НУКЛЕАРНИ ТЕСТОВИ?

од Stefanija Kuzmanovska
252 прегледи

Доколку Државната дума донесе одлука за отповикување на ратификацијата на Договорот за сеопфатна забрана на нуклеарни тестови (CTBT), Русија нема да биде првата која ќе изврши нуклеарни тестови, изјави денеска директорот на Одделот за неширење и контрола на оружјето во министерството за надворешни работи на Русија, Владимир Јермаков.

Како што нагласи, „нашата земја ќе продолжи да го почитува мораториумот на нуклеарните тестови, кој беше воведен со указ на рускиот претседател уште во 1992 година“.

„Рускиот претседател Владимир Путин во своето обраќање пред Федералното собрание на Руската Федерација на 21 февруари оваа година рече дека нема да бидеме првите кои ќе извршат нуклеарни тестови. Русија ќе го стори тоа само ако САД први го направат овој чекор“, рече Јермаков во разговор со новинарите, пренесе „Танјуг“.

Слични содржини