Во контејнер во близина на основно училиште во Загреб пронајден ракетен фрлач

од Stefanija Kuzmanovska

Ракетен фрлач бил пронајден во контејнер за ѓубре во близина на основно училиште во Загреб, пренесува „24сата.хр“.

„Прво пристигна една патрола, а потоа и друга. По нив дојдоа пиротехничарите. Сликаа се, ја зедоа зољата и ја ставија во автомобилот“, рекол човекот кој го пронашол оружјето.

Од полицијата потврдија дека зољата била празна и поради тоа безопасна, а полицајците постапиле според прописите. Повеќе детали ќе се соопштат откако ќе се утврдат сите околности.

Фото: 24сата.хр

Слични содржини