Во ковид-центрите во земјава се лекуваат 1687 пациенти

од Берта Китинска
366 прегледи

Низ државата  во ковид центрите се лекуваат вкупно 1.687 пациенти, а од нив 688 се во Скопје и 999 во другите градови. Според податоците од Министерството за здравство, имало околу 340 слободни болнички кревети од кои 88 се во Скопје.

Во скопските ковид-центри во изминатите 24 часа поради компликации од коронавирусот се хоспитализирани 68 нови пациенти од кои 29 на Интерните и хируршки клиники, 23 во ГОБ 8 Септември, 7 на Инфективната клиника, 3 во Козле, 2 на Клиниката за детски болести и 5 во Институтот за физикална медицина. Во истиот период дома се пуштени 68 оздравени пациенти.

Во моментов во ковид-центрите на Интерните и на хируршките клиники се лекуваат 315 пациенти, во ГОБ 8 Септември има 136 болни, на Клиниката за инфективни болести лежат 150 пациенти, во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 33 пациенти, на Клиниката за детски болести има 9 деца позитивни на ковид-19, на ГАК има 3 позитивни пациентки, а во Институтот за физикална медицина и рехабилитација има 48 болни.

Во ковид-центрите во другите градови и денеска најмногу пациенти има во Битола-138 и во Прилеп-123. Во болницата во Штип има 91 пациент, на инфективното одделение во Тетово има 41 пациент, во Велес се лекуваат 94 болни, а во Куманово 92. Во ковид-центарот во Охрид има 105 пациенти, во Гостивар 46, во Струга 25 болни, во болницата во Струмица се хоспитализирани 98 пациенти, во Кочани 28, во Кичево 31, Кавадарци 61, а во Гевгелија 26 лица позитивни и суспектни на коронавирусот.

Слични содржини