Во Крушево ќе се одржи првиот пливачки маратон „Тоше Проески“

од Берта Китинска
322 прегледи

Пливачкиот Клуб „Вардар 2018“, со поддршка на Општина Крушево, денеска ќе го организира Првиот крушевски маратон кој го носи името на Тоше Проески.

Маратонот ќе се одржи на Крушевското Езеро. Ќе почне во 11 часот, а должината што ќе ја пливаат учесниците е 2,5 километри.

Според објавата на пливачкиот клуб „Вардар 2018“, не случајно првиот крушевски пливачки маратон го носи името на нашата музичка ѕвезда Тоше Проески.

-Името го одбравме во чест на нашата легенда Тоше Проески. Ова е нова атракција во Крушево, нова причина многу туристи да дојдат тука. Крушевското Езеро е особено популарно откако се асфалтира патот и секојдневното одржување на патеките за трчање и возење велосипед носи многу луѓе тука, наведува клубот.

Општина Крушево ги поканува сите да дојдат на првиот пливачки маратон.

-Ги покануваме сите да не посетат за манифестацијата научно-културни средби „Десет дена Крушевска Република“ и воедно да го проследат овој нов тип на настан во Крушево в недела, велат од Општината.

Слични содржини