Најмалку 23 лица загинаа, а 28 се ранети во руски ракетен напад врз конвој возила со цивили во близина на јужниот украински град Запорожје, соопшти регионалниот гувернер.
Сведок на „Ројтерс“ видел околу 12 тела, од кои четири во автомобили, и рекол дека проектилот направил кратер во земјата во близина на два реда возила.
23 killed and 28 injured from Russian shelling of a humanitarian convoy in Zaporizhzhia region. Russia is a terrorist state, which doesn’t value human life and disregard any internationally recognized rules of wartime. pic.twitter.com/BNYQXtWlwq
— Mykhailo Fedorov (@FedorovMykhailo) September 30, 2022
„Досега 23 загинати и 28 ранети. Сите цивили“, напиша Олександр Старук, регионален гувернер на Запорожје, на Телеграм.
Возилата биле полни со патници, ќебиња и куфери.
⚡️ Russia kills 23 civilians, injures 28 in Zaporizhzhia Oblast.
On the morning of Sept. 30, Russian troops launched a missile attack on a line of civilian cars on the way out of the regional center, according to Zaporizhzhia Oblast Governor Oleksandr Starukh. pic.twitter.com/6t2UPVM0N6
— The Kyiv Independent (@KyivIndependent) September 30, 2022
Русија, која ја нападна Украина на 24 февруари и тоа го нарекува специјална воена операција, негира дека намерно гаѓала цивили, иако нејзините напади опустошија украински села и градови.
These people just wanted to pick up their relatives and bring humanitarian aid to those stuck in self-proclaimed #Zaporizhzhia. #Russia attacked civilian humanitarian convoy. The empire of evil as it is pic.twitter.com/F6KCpUPnQn
— Lesia Vasylenko (@lesiavasylenko) September 30, 2022