Во „Лајка“ епидемија на штенечак, во наредните 30 дена нема да заловува бездомни кучиња

од Vladimir Zorba
288 прегледи

Во прифатилишето на ЈП Лајка на почеток на месец декември 2022 година е констатирана појава на инфективна болест штенечак – кучешка чума (Canine distemper) кај вкупно 5 заловени кучиња. Штенечакот е заразна болест предизвикана од вирус кој ги напаѓа респираторниот, гастроинтестиналниот и нервниот систем кај млади,но и кај возрасни кучиња, која доколку навремено се детектира и соодветно се третира може да се излечи. Кучињата најчесто се инфицираат преку кивање и кашлање од заболено куче, соопштија оттаму.

Слични содржини