Во Либерија запленет кокаин вреден 100 милиони долари

од Nikola Popovski

Во Либерија, една од западноафриканските земји, запленет е кокаин вреден 100 милиони долари, јавува Анадолија.

Министерот за правда на таа земја, Муса Дин изјави дека е извршена операција во селото Топое, во близина на главниот град Монровија, во соработка со Либериската агенција за борба против наркотици и Меѓународното биро за наркотици и спроведување на законот.

Дин подвлече дека во акцијата е запленет кокаин вреден 100 милиони долари.

Истакнувајќи дека во операцијата се приведени осомничени од Гвинеја-Бисао и Либан, министерот рече дека истрагата продолжува.

Слични содржини