Во Лисабон казни за електрични тротинети на тротоари

од desk2
128 прегледи

Властите во Лисабон одлучија од денеска да ги казнуваат сопствениците на електрични тротинети кои ќе бидат најдени на тротоарите во стариот дел на португалската престолнина.

Компаниите кои изнајмуваат електрични тротинети ќе мора да платат казна и до 300 евра доколку овие превозни средства се најдат на тротоари и други јавни површини. Компаниите, во зависност од одлуката, ќе плаќаат и трошоци за отстранување на скутерите.

Во изминатата година девет компании го преплавија Лисабон со илјадници електрични тротинети, што е дел од таканаречената револуција на микро-мобилност со која корисниците употребуваат тротинети за куси излети по градот

Слични содржини