Во Македонија две лица по третпат се заразиле со ковид-19

од Берта Китинска
296 прегледи

Институтот за јавно здравје во своето последно секвенционирање на примероци од минатиот месец се уште го нема откриено новиот сој Омикрон.

964 лица  во земјава повторно се заразиле со вирусот, а две од нив и по трет пат. Само четвртина од заразените имале претходен контакт со друго заразено лице, велат информациите од МојТермин.

– Седум од лицата кои се реинфицирале имале коморбидитети, вели  епидемиологот Драган Кочински.

Инциденцата или заразноста во земјата останува висока. Тринаесет од сто лица во скопскиот регион, а во просек 10 од 100 лица, или 10.546 лица се во просек заразени на 100.000 жители. Крајните источни региони во моментов имаат помала заразност, а најпогодени освен Скопје се општините Велес, Прилеп, Кавадарци и Неготино.

Според последниот извештај на ИЈЗ за периодот од 29 ноември до 5 декември, тестирани се 16.948 материјали, со намалување од 9,8% во однос на минатата недела. Регистрирани се 2.275 нови позитивни случаи од 35 градови во државата со намалување од 17,3% во однос на минатата недела.

Слични содржини