Во Македонија има 86 лица поврзани со организацијата на Ѓулен, Турција бара нивна депортација

од Nikola Popovski

Амбасадорот на Турција во земјава вчера соопшти дека листа од 86 лица им е доставена на македонските власти со барање за депортација или есктрадиција во Турција. За нив, турската влада тврди дека се поврзани со организацијата на Фетулах Ѓулен,  која во Турција е прогласена за терористичка и виновна за обидот за државен удар во 2016.

Турскиот амбасадор Секизќок во земјава вели дека досега немаат добиено позитивен одговор од македонските власти, но тоа не влијае на добрите односи помеѓу двете земји.

-Ставањето крај на дејностите на структурите на ФЕТО и депортирањето на лицата поврзани со ФЕТО ќе претствуваат конкретни чекори од аспект на билатералната соработка во насока на борбата против тероризмот. Ја користам оваа прилика одново уште еднаш да ги истакнам овие очекувања. Со одлучност ќе продолжат нашите дејности во насока на сузбивање на структурите на ФЕТО во странство, рече тој.

Во Турција, рече Секизќок, е „дешифрирана структурната поставеност на ФЕТО во државните и вондржавните институции“ и се сузбиени нејзините активности, а спроведени се и депортации од странски држави.

Во неуспешниот обид за државен удар во Турција на 15 јули 2016 година, што според турските власти го организирало движењето на Фетулах Ѓулен, загинаа 251 лице, а над 2.000 беа повредени.

 

Слични содржини