Во Македонија нема мутација на ковид, но да не се олабавуваме, вели Филипче

од Берта Китинска

Нема во земјава регистрирано мутација на вирусот, практично цело време истиот вирус е во државава, тврди министерот за здравство Филипче.

Тој вели дека непостоењето на мутација не е причина да се олабават мерките за заштита.

-Треба да бидеме внимателни и покрај падот на бројките. Последниве денови сме на некој вид на плато со бројката на нозаболени. И понатаму сме со резерва, а не треба да се заборави дека сега почна и второто полугодие во училиштата.“,изјави Филипче.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 90124, бројката на оздравени пациенти е 76045, на починати е 2768, а бројот на активни случаи изнесува 11311.

Слични содржини