Во Мариупол убиени 14-годишна шампионка во кревање тегови и нејзината мајка

од Nikola Popovski

14-годишна освојувачка на златен медал на Украинското национално првенство во кревање тегови загина во гранатирањето на Мариупол, соопшти тамошниот Градски совет.

Алина Перегудова беше кандидатка за репрезентацијата на Украина и сакаше да ја претставува својата земја на највисоко ниво.

„Рускиот мир“ дојде и ја ослободи од оваа иднина“, објави градскиот совет на Мариупол на Телегра.

„Надежен спортист од регионот на Доњецк беше убиен од непријателски гранати“.

Во нападот била убиена и нејзината мајка.

Слични содржини