Во Маврово се дивее со дивоградби

од desk4
648 прегледи

И понатаму неконтролирано се гради во Маврово. До надлежните оптински власти, но и во Минстерството за труд и социјална политика не стигаат апелите од месните заедници, жителите, сопствениците на викендици.

-Неконтролираната градба на територијата на Општина Маврово Ростуше не престанува. Во моментов во тек е изградбата на дури 87 викенд куќи. На 24 јули во Маврови Анови градоначалникот на Општина Маврово Ростуше Медат Куртовски одржал средба со граѓаните и со претставници на неколку месни заедници на која му било укажано на ова најново дивеење на сопствениците на хотелот „Радика“. Жителите на Леуново веќе подолго време се жалат на нередовно снабдување со вода. Хотелот „Радика“ има и неколку покриени и затворени базени и спа-центар, па сомневањата се дека една од причините за нередовното снабдување со вода е и хотелот, пишува МКД.

Компанијата ЕСМ, како надлежна компанија за вештачкото Мавровско Езеро исто така има одговорност за давање согласност за градба околу езерото. Во случајов, била побарана таква согласност, но одговорот уште во јуни минатата година бил негативен. „Опфатот зафаќа во акумулација Маврово (под кота 1.233 м.н.в.) и излегува во заштитниот појас од 50 метри од максималната кота на акумулацијата, дефиниран во Законот за води како заштитен појас во кој не треба да се планираат и изведуваат градежни активности… Не може да се даде согласност за изработка на планираниот АУП во предложениете граници на опфат, туку треба во еден дел (под заштитен појас од 50 метри) да се корегира. Откако ќе се корегира опфатот на урбанистичкиот проект нека ни се достави повторно на увид“, пишува во одговорот на ЕСМ на барањето на „Пологпроект -про“ од Гостивар, фирмата која ги изготвила плановите.

Слични содржини