Во Мексико е прогласена тревога поради кражба на контејнер со радиоактивни материи

од Vladimir Zorba
96 прегледи

 

Мексиканските власти прогласија тревога во шест држави во земјата поради кражба на контејнер со радиоактивно материи, напиша на Твитер националниот координатор на силите за граѓанска одбрана Луис Филипе Пуенте, јави ТАСС. 

– Тревога во државите  Керетаро, Идалго, Мексико, Гуанахуато, Сан Луис Потоси и Мичокоан поради украден извор на радијација. Ако го видите не го отворајте, јавете се во полиција, напиша Пуента.

Тој не посочи од каде е украден контејнерот и какви радиоактивни материи содржи.