Во Москва уапсени припадници на терористичка група

од desk2
74 прегледи

Руската ФСБ уапси четворица припадници на терористичка група за кои се сомневаат дека планирале напади во Москва за време на претстојниот празник.

ФСБ наведува дека уапсените се дел од терористичката група Артпадгатовка (Артипериска подготовка) кои планирале за време на празникот Ден на народното единство, да фрлат запаливи бомби на административни згради и полиција со цел предизвикување масовен бунт.

Таа група е основана од опозицискиот активист Вјачеслав Маљцев, кој се кандидираше на минатогодишните избори.

Тасс наведува дека ФСБ заедно со припадниците на полицијата го пресекле делувањето на таа група во уште пет градови.

Судот вод Краснојавск на 26 октомври ја прогласи таа група за екстремистичка.

Маљцев летоска ја напушти Русија, а против него се води постапка поради екстремизам.