Во Министерството за внатрешни работи (МВР) е формиран посебен штаб поради дојавите за бомби во изминатиов период, а се очекува да се свика и Советот за координација на кој што ќе се разговара од аспект на националната безбедност, изјави министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.
„Очекувам да се свика и Советот за координација на којшто ќе разговараме од аспект на националната безбедност, бидејќи тука мора да се вклучат и Ангецијата за национална безбедност и другите институции коишто се значајни во овој дел. Бидејќи ако дојавите се најава за тероризам тогаш сите треба да се вклучиме во ова за да дојдеме до стабилизирање на состојбата“, изјави Спасовски.
Тој рече дека дел од пораките кои што се пратени се исти со оние кои ги добиваат и земјите во регионот.
Периодов секојдневно се случуваат лажни дојави за бомби, во училишта и во други објекти.