191
Во руски напад врз село во североисточниот украински регион Харков, загина двомесечно бебе, а неговата мајка е повредена, објави денеска на платформата Телеграм регионалниот гувернер Олех Синехубов.
Синехубов наведе дека телото на бебето било извлечено од урнатините на трикатен хотел во близина на кој руските сили истрелале проектили околу 2:30 часот наутро по локално време.
Две жени во оваа прилика се повредени и пренесени во болница поради рани од шрапнели, пренесува „Ројтерс“.
Украинската полиција соопшти дека во нападот биле оштетени повеќе од 30 згради, вклучувајќи приватни домови, кафуле, продавници, како и неколку автомобили.
Москва не ги коментираше обвинувањата на Украина.