Во наредните десетина дена ќе се отворат уште десет места за менување на лични документи во Скопје

од Vladimir Zorba
388 прегледи

„Ќе имаме најмалку десет нови работни позиции каде што ќе може граѓаните да ги менуваат личните документи во Скопје. Тоа ќе бидат пред се за луѓе кои нема да се пријавуваат и ќе можат директно да одат таму“ рече министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во „360 степени“ на МТВ.

Тој додаде дека овие пунктови ќе бидат отворени и ставени во функција во наредните десетина дена.

„Јас сум убеден дека до февруари 2024 година ќе дојде до промена на сите документи според динамиката која што ја имаме“ рече Спасовски.

Министерот додаде дека преку еден милион граѓани веќе успеале да ги заменат своите лични карти и пасоши, но и истакна дека не се почитуваат преку 70 отсто од закажаните термини за промена на лични документи, што дополнително го одлговлекува целиот процес.

Слични содржини