Град Скопје известува дека поради финално асфалтирање на улицата Александар Урдаревски во Бутел, во наредните два дена ќе биде воведен времен сообраќаен режим на улицата.
„Утре 09.07.2020 година (четврток), улицата Александар Урдаревски целосно ќе биде затворена за сообраќај на потегот од кружниот тек до крстосницата со улицата Натанаил Кучевишки.
На 10.07.2020 година (петок), улицата Александар Урдаревски целосно ќе биде затворена за сообраќај на потегот од крстосницата со улицата Натанаил Кучевишки до крстосницата со улицата Бутелска“ велат од Град Скопје преку соопштение.
Сообраќајот во овој дел од градот во наредните два дена, додека се одвиваат градежните работи, ќе биде преносачен по улицата Цетинска. Исто така, и возилата од јавниот превоз кои сообраќаат по улицата Александар Урдаревски во наредните два дена ќе бидат пренасочени.
Градот Скопје апелира до сите учесници во сообраќајот да бидат внимателни и да ја приспособат својата брзина на движење според условите на патот.