Во некои делови на Шпанија оваа недела температури до 40 степени

од Radmila Tasevska

Се предвидува дека оваа недела во некои делови на Шпанија температурите ќе достигнат до 40 степени Целзиусови, а првиот топлотен бран во годината ќе пристигне еден месец порано од лани.

Пролетта во Шпанија оваа недела ќе наликува на средината на летото, бидејќи во некои региони температурата ќе биде над 30 степени, а во некои и 40 степени, објави Блумберг.

Екстремно топлиот воздух кој се движи од Африка кон север ќе доведе до пораст на температурата на Пиринејскиот полуостров на 25 и 26 април, а врвот ќе биде на 27 и 28 април, објави во неделата шпанската метеоролошка агенција.

Слични содржини