Во нов парк да се сместат спомениците од проектот „Скопје 2014“

од desk2
83 прегледи

По  предлогот за претопување на спомениците,  од Агенцијата за филм како опција понудија изградба на парк во кој ќе се сместат сите спомен обележја од проектот Скопје 2014.

Работната група до Министерството за култура ги доставила првите елаборати за споменици од проектот „Скопје 2014“ – за Андон Јанев Ќосето кај комплексот судови и за Мајка Тереза и Воин на коњ на плоштад „Македонија“. Тие ќе бидат проследени до Владата која ќе одлучи што понатаму со нив.

Од владата велат дека утре ќе се одржи седница но се уште не знаат дали информацијата ќе се најде на деневен ред.

Од Министерство за култура коментираат дека трите елаборати сега ги анализираат Министерство, општина Центар и Градот Скопје под чија надлежност биле поставени спомениците..

Инаку по вчерашниот предлог за претопување на спомениците, денеска од Агенцијата за филм како опција понудија изградба на парк во кој ќе се сместат сите спомен обележја од проектот Скопје 2014.

-Источно европските земји на пример отвориле парк на монументални музеи на социјалреализмот е моја една скромна идеја, вели Горјан Тозија, Директор на Агенцијата за филм.